Пратеничка од СДСМ, тешко е повредена во сообраќајна несреќа
Градоначникот на Валандово, Перо Костадинов, и пратеничката Мери Лазарова се повредени во сообраќајка која се случила синоќа на патот Демир Капија-Удово. Лазарова била пренесена веднаш потоа во Ургентниот Центар во Скопје, на клиниката за неврохирургија. Констатирани и се тешки телесни повреди, на главата и телото, но се наоѓа во добра состојба.
До сообраќајката несреќа дошло кога автомобилот „Опел Корса“ со кој управувала Лазарова, налетал на одрон и се превртел.
„Синоќа околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.