Велешанец со чекан повреди 4-ца, а еден почина
,,Ги убив своите монструми,,напишал на Фејсбук 46-годишниот С.В од Велес кој се сомничи дека ја изкршил влезната врата од соседите и сите еден по еден ги удрирал со чекан. Статусот следел кога се вратил дома по извршувањето на злосторството.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство.
Прво, ја скршил влезната врата, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил.
Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.
По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.
Осомничениот е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.
Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.