Со години се бричела и депилирала, а кога кренала раце си нашла момче

33 годишната Леа Јоргенсен има  синдром на полицистични  јајници и  страда од хормонално пореметување, поради што е премногу влакнеста по целото тело. “Цел живот сум се срамела поради моите влакна. Што се не сум правела!  Се депилирав, се бричев, се  кубев и епилирав… ништо не помогна. Се срамев поради мојот изглед, избегнував луѓе. Се плашев од нивните погледи. И тоа така траеше со години” , раскажува Леа.

На плажа, по долго време

Таа го има овој проблем од својата 14-та година, а поради влакната често била исмејувана и малтретирана. Од пуст срам  со години носела долги пантолони, ролки  и долги ракави. Ги избегнувала момчињата, а првпат се бакнала кога имала 27 години. Дури избегнувала да оди и на забар. Најзлобни и најсурови  беа девојчињата во средно, раскажува таа. Постојано ми беа зад петици, ми се смееја , довикуваа и што уште не… си спомнува Леа.

“Во декември 2015-та година ме удри кола и ме однесоа во болница. Ме оперираа ,  а потоа морав да лежам во болница. За првпат моето тело беше целосно изложено на туѓи погледи и тоа ми помогна да го надминам комплексот. За првпат никој не реагираше со гадење на мојата влакнестост, лекарите и медицинскиот персонал гледаа на мене како на човек на кој треба да му помогнат, да му го спасат животот,  раскажува девојката.

Не се срамам веќе, доста беше!

Се опуштив, почнав да комуницирам со луѓе и конечно си најдов маж што ме сака каква што сум. Леа веќе не се бричи, ги батали пинцетите и жилетите.  Вели дека е среќна. Дури се вратила на факултет каде студира психологија и социологија. Сака да работи со аутистични деца и да им помага. Вели дека знае какво е чувтсвото да си различен. На инстаграм има 2000 следбеници, многумина од нив и признаа  дека и самите го имаат истиот проблем.

Леа Јоргенсен , без комплекси

Следниот месец таа , заедно со други 100 жени, ќе се фотографира за книгата која ја промовира различноста, насловена  – Под сето ова, и ние сме жени!

Translate »