Нутригенетика – најновиот тренд во нутриционизмот – сега и кај нас, како резултат на соработката меѓу Виталиа и Жан Митрев клиник

Кога два тима докажани во својата област ќе се спојат, неминовно се создава нешто ново, вредно и корисно. Благодарение на соработката помеѓу Виталиа и Жан Митрев клиник, веќе некое време нутриционистите на Виталиа подготвуваат персонализирани планови на исхрана според генетските резултати добиени во Лабoраторијата за Генетика и Персонализирана Медицина лоцирана во Жан Митрев клиник.

Всушност, според многубројни студии, со комбинацијата на одредени генетски варијации во некои гени поврзани со процесирањето на нутритиентите, може да се одреди оптималниот дневен внес на протеини, јаглехидрати и масти. Со цел подготвување на оптимален и целосно персонализиран план на исхрана, којшто би му овозможил на секој поединец постигнување на здравје и баланс, исто така не треба да се занемари: влијанието на околината, нашиот начин на живот, антропометриските мерки, историјата на болести, медикаментозната терапија, алергиите и интолеранциите на одредени намирници, како и личните преференции.

Соработката на тимот од лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина при Жан Митрев клиник и тимот за нутриционизам на Виталиа трае веќе извесен период, а придобивките од истата брзо и лесно се забележуваат. Ова испитување е пред сѐ наменето за здрави лица кои имаат недостаток на правилна комбинација од нутритиенти и практикуваат ниско хранлива и штетна исхрана во која внесуваат калории без да го запазат оптималниот внес на макронутриенти.

Ако внесуваме премногу храна или храна која не е во склад со нашиот метаболизам, можеме да се стекнеме со прекумерна тежина и при тоа да го зголемиме ризикот за развој на заболувања како што се: артритис, спиечка апнеа, астма, некои типови на рак, како и дијабетес и различни кардиоваскуларни заболувања.

„Познавањето на точните генетски варијации, што се присутни кај секој од нас, може да ни помогне во правилниот избор на храна којашто треба да ја консумирам

е, како и во интензитетот на физичка активност којашто треба да ја практикуваме за да ги согориме вишокот на масти во нашето тело и да добиеме идеална телесна тежина“, смета д-р Жан Митрев. Жан Митрев клиник е една од најмодерните болници во Европа која го има добиено златниот печат за квалитет и безбедност од JCI стандардите и е секогаш чекор напред пред другите нудејќи ги најдобрите решенија за здравјето на пациентот. Во соработка со Био Инженеринг Доо, во Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина воспоставени се голем број панели на молекуларни и генетски тестови, коишто целат кон прецизна дијагностика и откривање на предиспозиции кон разни болести.

„Со овие испитувања дознаваме детално колкав процент на протеини, јаглехидрати и масти му се потребни на секој организам. Врз основа на тие информации, нашиот нутриционистички тим изработува персонализирана исхрана во која се вклучени и специјално креирани оброци наречени нутри-миксови, со кои се задоволуваат макронутритивните потреби на секоја индивидуа“, додава Искра Ветаџокоска, менаџер и косопственик на Виталиа.  Виталиа е Македонска компанија, лидер во производството на здрава храна во регионот која оваа година слави 25 годишен јубилеј. Како резултат на својата експертиза и имплементирањето на највисоките светски стандарди за квалитет и безбедност на храна таа  извезува во повеќе од 55 земји ширум светот.

Виталиа континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија и развива квалитетни и оригинални производи кои ги задоволуваат потребите на модерниот потрошувач. Во асортиманот на Виталиа се вбројуваат високо нутритивни продукти од категоријата на протеински, вегетеријански, безглутенски продукти, ниско калорични или без додаден шеќер, здрави продукти за деца, спортисти, адолесценти, и сите оние кои се грижат за своето здравје.

Заедничкиот именител на Виталиа и Жан Митрев клиник е фактот дека грижата за нашето здравје не треба да почнува кога нашето тело ќе почне да ни алармира дека нешто не е во ред – нивните заложби се стремат во правец луѓето да ја одржуваат својата благостостојба постојано и да ги превенираат болестите дејствувајќи проактивно. А сите знаеме – здравиот начин на исхрана и позитивните животни навики не само што нѐ одржуваат во одлична состојба, туку и ни ги „полнат батериите“ и ни даваат сила и енергија да им пристапиме со леснотија на секојдневните предизвици.

 

Translate »