Ја убил сопругата и се вклучил во живо на Фејсбук
Абу Марван (41), бегалец од Сирија, во живо на Фејсбук го пренесувал моментот откако до смрт ја избодел жена му . Брачниот пар живеел во Германија.
На страшната снимка прикажан е 41-годишниот Марван како раскажува пред камерата, а на лицето и на рацето му се гледаат трагите од крв.
На снимката објаснил дека ја убил својата жена ,од која бил разделен . Тој наводно се обидел да се смири со неа, но таа го избркала.
– Чао, јас сум Марван. Туку што бев со својата жена. Ме избрка од куќата и јас ја убив со нож. И реков:” Пушти го мојот син да живее со мене, но таа одби да го направи тоа, и сакаше да се обрати во социјалната служба. Тогаш и го зарив ножот едно 3-4 пати. Дали е е мртва или жива не знам. А овде е и мојот син. Toj сака да живее со мене. Само сакам да живеам со своите деца. Јас не сум криминалец, но ако некој не ви дозволува да живеете во мир, морате нешто да превземете – рекол Марван.
На своите пријатели на Фејзбук им кажа дека тоа го направил со цел да им прати порака на сите жени кои си „играат“ со своите мажи: „Вака ќе завршите и вие“.
Марван, е по потекло од Сирија, обвинет е дека ја заклал својата 37 годишна партнерка. И нанел пет убоди со нож во вратот. Тогаш истрчал со својот 12-годишен син, а по целиот крвав настан се вклучил на Фејсбук во живо, пишуваат германските локални медиуми.
Полицијата го уапсила Марван во градот Карлсуре набрзо откако побегнал од местото на злосторството, објави „Al Arabiya English“.
Медиумите пишуваат дека полицијата била известена за злосторството од страна на малата ќерка, на брачниот пар. Таа го пријавила инцидентот.
Во снимката која сега е тргната од Фејсбук, се гледа како Марван со крвавите раце си го допира лицето.