Украинка секое утро се бања гола во Дњепар
Украинката која секое утро 9 години се капела во реката Дњепар на минусни температури го заинтригирала чешкиот фотограф Давид Тенсински да го посети украинскиот град Киев.
Фотографотму се чинела неверојатна приказната што ја раскажувале локалните жители, бидејќи температурата во Киев тие денови била -5 Степени Целзиусови, но тие го уверувале дека тоа не е важно и го присилиле рано наутро да отиде на реката со фотоапарат.
Сепак, чешкиот фотограф од радозналост ги послушал жителите и рано наутро се стационирал покрај најстудената река на светот. Па, на крајот имал што да погледне, Ина Владимирскаја заедно со својот сопруг трчала по снегот, се соблекла гола и скокнала во реката. А, во тој момент температурата била -9 степени целзиусови.
“Тоа го правам секој ден во последните девет години, без разлика на температурата. Зошто? Бидејќи е здраво и на овој начин ќе го зачувам младоликиот изглед. Знаете колку години имам?”, рекла Ина.
Ина, има 32 години и овој утрински ритуал вели дека нема намера да го менува.
“Ладната вода е одлична за крвотокот. Чувствувате како крвта Ви се движи низ органите, ја активира циркулацијата што е добро за намалување на маснотиите и подобрувањето на мускулните масти. Иста е работата и кај животните! Погледнете ги моржовите. Изгледаат секогаш исто, бидејќи долго време поминуваат во вода.
“Скокнувам внатре, излегувам надвор и гола трчам до автомобилот”, вели Ина.
Тоа дека е вистинска сексапилна дама, покажуваат и фотографиите кои постојано ги објавува на Инстаграм профилот, а тоа се објави со кои мажите не ги остава рамнодушни.