Совети за нега на кожата во зима!

Температурите се веќе под нулата. Посебно во раните утрински и вечерните часови. Студеното и суво време негативно влијае на кожата. Потребното количество на витамин Д кое вашата кожа го добива во текот на топлите месеци е значително намалено во зимските денови и затоа е потребно да најдете начин да го зачувате совршениот изглед и вашата кожа да ја одржувате здрава и убава.

Негата на кожата во студените денови не е едноставна, па затоа за почеток е важно да правите дополнително хидрирање. Сувиот, студен воздух може многу да ѝ наштети на кожата ако не практикувате секојдневна рутина за хидрирање. Важно е да употребувате медицински производи кои на сооветен начин ќе ја хидрираат вашата кожа, односно кои ќе создадат заштитен слој на кожата и ќе ја одржуваат убава и здрава во текот на студените месеци. Практикувајте нега на целото тело, а не само на лицето, бидејќи на целата кожа ѝ е потребна хидрација. Eucerin AQUAporin ACTIVE е вистинскиот избор. Овозможува интензивна хидратација во длабочина, ја смирува чувствителната кожа и ја прави мека и нежна. Кожата брзо ја апсорбира, претставува одлична основа за шминка, а клиничките и дерматолошките проучувања докажуваат одлична ефикасност и подносливост од чувствителната кожа. Не содржи додатоци за мирис и е без парабени, а најдобро е да се нанесува на чиста кожа на лицето наутро и навечер, избегнувајќи ја зоната околу очите.

Иако сонцето не грее како во летните денови, а во поголемиот дел од зимските денови воопшто не го ни гледаме, не значи дека тоа воопшто не грее. Сончевите зраци се штетни во зимските денови исто како во летните, но често го забораваме тоа поради студеното време. Затоа е важно да не заборавиме на Еуцерин заштита од сонце, бидејќи на тој начин ќе спречите вашата кожа да биде сува и оштетена. Нанесувајте на сите делови кои се изложени на сонце 30 минути пред да излезете надвор.

Не заборавајте ги рацете. Многу често се случува да заборавите на рацете кога користите производи за хидрација, но треба да запомните дека грижата за кожата на рацете е најважна од сѐ. Кожата на рацете е потенка од кожата на другите делови на телото, па поради тоа ѝ е потребна поголема нега и внимание. Во студените денови, кожата на рацете постојано е сува, а се случува да дојде и до ситуации кога таа е навистина груба и пука. Хидрирајте ги рацете по секое миење, а препорачливо е да користите производи кои содржат масло. Исто така, секогаш пред да излезете задолжително нанесувајте хидратантен крем и практикувајте да носите ракавици кои содржат памук. Волната понекогаш знае дополнително да ја иритира кожата.

Избегнувајте туширање со жешка вода. Сигурно во студените денови обожавате туширање со многу топла вода, но тоа е многу штетно за вашата кожа. Топлината негативно влијае врз липидните бариери на кожата со што предизвикува губење на природната влажност. Препорачливо е да се туширате со млака вода.

Translate »