Ѓорги Самарџиев – Фоја: започнавме производство на модули за кровни градини

Градинарскиот центар ФОЈА е респектабилна компанија во доменот на хортикултурата. Компанија која покрај градинарски центар, проектира, изведува и одржува најразлични пејсажни проекти од цветни корита, паркови до вертикални и  кровни градини. Создава креативни и рационални решенија за различни типови на градини. Ги следи светските трендови, активна е во земјава во едукација на граѓаните за потребата од зелена и чиста животна средина.

Развивме неколку годишната идеја на инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на подршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР. Оваа компанија е во фаза на реализација на иновативниот индустриски дизајн со комерцијално име Семпервел. Производ кој има голем развоен потенцијал.

  1. Како е развиен овој производ, и за кого е наменет?

Од искуствата во минатото при подигањето на екстензивни кровни градини, каде фазите на изведба се правеа одвоено. Прво се поставуваат дренажно акумулационите елементи, па се качува и поставува на супстрат и на крај се садат или постилаат готови ролни со перени (растенија). Со цел да го намалиме времето поминато на градилиште, да се намалат трошоците за реализација и други непредвидени трошоци, дојдовме на идеја сите три фази однапред да бидат направени во расадник. Дренажно акумулационите елементи (еден вид гајбички) да бидат претходно исполнети со супстрат, посадени и одгледани до целосна покриеност на површината од растенијата – покривачи.Така подготвени од расадник се пакуваат на палета, се транспортираат до објектот и со едно качување одеднаш сите три фази се пренесуваат на кровот. Дизајнирани се лесно и цврсто да се спојуваат. Имаат можност да бидат поставени на систем за полевање. Отпорни се на предвидливо механичко оптеретување од движење и терет, како и на екстремно ниски и високи температури.

Овој начин на озеленување не е непознат во светот. Но е недоволно растпространет, посебно на Балканот. Нашиот индустриски дизајн е уникатен, практичен, функционален и траен. На пазарот ќе се појави наесен оваа година. Наменет за мали и големи градини, едноставен е за монтажа. Глобалната идеја е екстензивните кровни градини да бидат физички, материјално и технички подостапни. Масовно да се проектираат и изведуваат, бидејќи ефектите од нив се многу корисни не само за сопствениците туку и за сите нас, за целата заедница.    

2. Кои се бенефитите една компанија да има ваков производ?

Да се надоврзам на претходниот одговор, целиме бенефитот првенствено и долгорочно да биде на инвеститорите и на општеството. Есенцијално наша е големата одговорност за да обезбедиме континуитет во квантитетот и квалитетот на производството. Иновативноста не застанува со овој производ, напротив планираме да следат неколку нови верзии. И следствено во тој функционален круг, духовното задоволство сигурно ќе биде неизмерно.     

3. Последниве години тренд е изработка на кровни гардини.

    Колку се имплементира кај нас?

Трендот е присутен. Точно, но конвенционалните кровови далеку водат наспроти зелените. Причини има повеќе, најглавни засега се цената и достапноста, донекаде оправдано. Но гледајќи како трајно изчезнуваат зелените површини во нашите градови, како загадувањето, затоплувањето и нехуманото домување рапидно растат, неопходна е брза законска регулатива која ќе биде задолжителна минимална компензативна мерка во таа насока. 

Искрено се гордеам со сите оние кои адаптирано или алтернативно одгледуваат зеленило во жардиниери или пак во големи саксии на терасите и крововите!  

4. Градинарскиот центар Фоја е место за пасионирани заљубеници  и    љубопитни  новајлии во градините, растенијата и убавите работи. Што се нуди овој гарден центар?

Растенијата не се производ на стандарно пазарување.

Благодарение на моите колеги со кои го делиме овој став, настојуваме сите посетители да ги пречекаме со топло добредојде, што подобро да се запознаеме со нивните услови и можности. Па потоа да ги советуваме и да им понудиме решение или растение за нивните реални потреби.

Изборот на растенија и градинарски додатоци е голем, но желбата искрено да препорачаме е поголема.

 

5.Која е тајната на убавите дворови?

Одгледувањето и одржувањето!

6. Што би им порачале на сограѓаните?

Да го цениме и почитуваме зеленото богатство кое го поседуваме и кое пред нас многумина го оставиле. Грижливо да го негуваме и одгледуваме. Таму се темели `благословот` на младите паркови и идните пејзажи.  

Иако егзотичните и ретки растенија вообичаено пленат, еднакво да им се радуваме и на домашните. Столетните дрвја се непроценливо богатство.

Ако јас посадам дрвја за мене и моите, Вие за вас и вашите, тие за нив и нивните, не треба да ни биде гајле дали моите се ваши, вашите се нивни или пак нивните се мои. Зошто сите тие се за нас и за нашите деца !

Translate »