„Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ НАТУРА ТЕРАПИ започна голема хуманитарна акција

НАТУРА ТЕРАПИ е општествено одговорна компанија која во време на пандемијата понуди низа акциски попусти со цел нивните производи да бидат достапни за секој. Водени од тоа дека не се печали на маката на туѓ грб, профитот од продажбата беше намален со цел компанијата да им овозможи на купувачите да можат да набават  препарати на природна база како превентива од болести.

Натура терапи и натаму работи за општо добро на сите: Тие реализираат  голема хуманитарна акција „Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ со која сакаат да и помогнат на Клиниката за детски болести! Имено со секој купен пакет производи од НАТУРА ТЕРАПИ компанијата ќе донира средства кои ќе бидат искористени за набавка на опрема за Клиниката за детски болести!

Видео-https://www.youtube.com/watch?v=l3KRmixGM1o&ab_channel=NaturaTherapy

НАТУРА ТЕРАПИ е дел од оваа заедница и од животните приказни на луѓето од Македонија и токму поради тоа ја иницираше оваа добротворна акција во која може да се вклучи секој поединец кој се чувствува хуман и е дел од оваа заедница.    

Со набавката на опрема за оваа здравствена установа ќе се овозможат подобри услови за децата на кои тоа им е најпотребно. Секое дете заслужува да расте здраво и среќно,  а сите ние заедно треба да помогнеме и да им обезбедиме подобра нега и грижа.

Денес, обврска на една компанија не е само да произведува здрави и квалитетни производи кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и да помага во локалната заедница. Да покаже грижа, емпатија, да едуцира и континуирано да биде активна со општетсвено корисни активности од интерес на сите.

Тоа е мисијата на Натура Терапи, да ги  поттикне луѓето да обрнат повеќе внимание на своето здравје и да користат природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на својот максимален животен потенцијал.

НАТУРА ТЕРАПИ континуирано  иницира и помага проекти од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност во соработка со локалната заедница.

НАТУРА ТЕРАПИ – Пријател на детската клиника!

Translate »