Големо невреме во Хрватска, ветрот корнеше дрвја

Изненадувачки силна бура дува на поширокото подрачје на Сплит, каде оркански удари на ветрот достигнуваат брзина од 122 км/ч, а во подвелебитскиот канал дури 150 км/ч.

Бурата крши гранки и корне дрвја. Паднати дрвја има по цела должина на Далмација.

Откорнат е и покривот на автобуската станица.

Заради силниот ветар и грмотевиците проблеми има и во воздушниот сообраќај.

Неколку авиони што требаше да слетаат во Сплит, не можеа тоа да го направат па кружат над морето. Се работи за авиони од Штудгарт, Париз и Пула.

Translate »