Синот на Гадафи ќе се кандидира за претседател на Либија

Саиф ел-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либијскиот претседател Мауамер Гадафи , ќе се кандидира на престедателските избори во Либија, најави неговиот кандидатура пред медиумите во Тунис.

Се уште не се знае точниот датум на изборите, но би требале да се одржат до крајот на годинава. Саиф Гадафи ќе биде кандидат на Народниот фронт за ослободување на Либија, партија која беше основана в0 2016 година.

Тој сега  е на слобода откако  6 години во затвор го држеше локалната милиција. Саиф не се појавува во јавноста, а според локалните медиуми,  живее во градот Зинтан во северозападниот дел на Либија. Странските медиуми пак јавуваат дека тој е преселен во Тунис, од каде планира враќање на власт во Либија.

Саиф Гадафи има 46 години и е втор син на Муамер и Сафија(родум од Мостар), доктор е на економски науки.

 

 

Translate »