За осум години 15.000 основци помалку
Некогаш 4.000, понекогаш 2.000 или 500… Секоја учебна година ни снемува голем број ученици што се запишале во основното образование во тековната година, а не ја завршиле, пишува Факултети.мк.
Според податоците од Државниот завод за статистика за запишани и завршени ученици во тековната година, покажа дека за осум години исчезнале вкупно 14. 958 основци. Експерти за демографија велат дека најголем дел од овие ученици ги нема бидејќи се отселени од државата.