Лесно за подготовка: ред јуфки , ред тиквички
СОСТОЈКИ:
- 300 гр. јуфки
- 2 тиквички
- магдонос
- 250 гр. кашкавал
- 1 кисела павлака
- масло
- сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Се варат јуфките во солена вода и се цедат, па се мешаат со павлака.
- Се сечат тиквичките на ленти, се става сол на нив и се редат во подмачкан плех.
- Се става малку магдонос на нив, па изрендан кашкавал.
- Се ставаат горе и јуфките и се распоредуваат, па повторно кашкавал, па тиквички.
- Се става малку масло и се става фолија.
- Се пече на 200 степени додека не омекнат тиквичките.
- Вода не треба да се додава бидејќи тиквичките пуштаат доволно.