Кои земји имаат интерес од војната во Сирија?

Подолу е даден преглед на најважните играчи вклучени во сириското прашање.

Русија го поддржува Башар ал Асад, сака повторно да ја стави Сирија целосно под своја контрола и се противи на “поделбата” на Сирија и не сака да го дели влијанието со САД, бидејќи смета дека Сирија за ” својот проект”

САД – Доналд Трамп прв најави повлекување од Сирија, и сега се заканува со општ конфликт, па дури и со руските сили таму. Тој сака да ја спречи Русија и Иран целосно да ја контролираат ситуацијата во Сирија

Иран – го поддржува Башар ал Асад и преку Сирија сака да ја зајакне својата позиција на регионалните сили на Блискиот Исток

Израел – не сака да го зајакне Башар ал-Асад, а особено да ја зајакне улогата на Иран, но, пак, е во добри односи со Русија

 

Турција – Како и Иран сака да ја зајакне својата позиција на Блискиот Исток, но главната цел е да ги разбие сириските Курди и да ја спречи курдската автономија

Башар ал-Асад – опстојува само благодарение на Русија и Иран и е, како што се чини сега е победник на граѓанската војна

Сириската опозиција – практично е поразена, но се надева дека со поддршка на Западот би можела да закрепне

Курдите – голем придонес за уништувањето на ИС сакаат да ” наплатат” ако не независна држава, барем автономија во Сирија

Translate »