Водителка го прекина британскиот генерал кој почна да зборува за нелогичноста на хемискиот напад во Дума

Водителката на Скај Њуз го прекина на половина реченица  британскиот генерал мајор Џонатан Шо кој во интервјуто се посомнева зошто  сиријската војска би  извршила хемиски напад кога ја добива војната… Запрашан од водителката дали е неопходно одобрение од британскиот парламент за да се изврши напад врз цели во Сирија , генералот одговори:

“Да го ставиме тоа настрана, има една работа за која не е дискутирано…. Кој  би бил мотивот на Сирија да изврши хемиски напад на таа локација и тоа токму сега? Сиријците победуваат, ако не ми верувате мене, верувајте ѝ на американската војска, тие самите го признаваат тоа. И командантот на американската војска Џозеф Војгел призна дека Башар Ал Асад ја добил војната, па и  претседателот Трамп неодамна најави повлекување на војниците од Сирија. И наеднаш, се случува ова…

Во тој момент, водителката Саманта Вашингтон  го прекина соговорникот, извинувајќи се дека нема време. Погледнете го видеото:

 

 

Translate »