Жерновски ги собра потписите за повторна кандидатура за градоначалник

Андреј Жерновски, актуелниот градоначалник на Општина Центар, вчера ги собрал законски потребните потписи на избирачи за повторно да се кандидира за прв човек на оваа скопска општина.

Наводно анкетите покажале дека , Жерновски има поддршка од повеќе од 50 отсто од избирачите и неговиот рејтинг е повеќе од двојно повисок од рејтинзите на потенцијалните противкандидати.

СДСМ се уште нема став дали ќе ја поддржи кандидатурата на Жерновски за градоначалник на Центар, иако тој јавно ја најави пред подолго време. До овој момент, партијата на Зоран Заев се уште официјално нема истакнато кандидат за градоначалник на Центар.

 

Translate »