Трогателно видео од прва средба меѓу мајка и син, мајката не престанала да го бара
По толку години барање мајка го најде својот син. Во тешки воени услови, нејзиниот татко не и дозволил да го задржи детото чиј татко бил Американец…
Кога имал само две години, Кирк бил сместен во виетнамско сиропиталише. Тој израснал убеден дека неговите вистински родители биле убиени во војната.
Мајката на Кирк, Тај-Нга Ти Ниблет, забременила со Кирк на 17-годишна возраст.
Поради оваа причина, Кирк веднаш бил префрлен во сиропиталиште по неговото раѓање, а неговиот татко не знаел за тоа.
Сепак, неговата мајка никогаш не престана да го бара. Во 2015 година се регистрирала на сајт кој ги спојува децата со родителите.
Играта на судбината – Кирк се регистрирал на овој сајт две години подоцна,а благодарение на тоа тие се најдоа. По 48 години, мајката и синот повторно беа заедно.
Погледнете ја нивната приказна, која ќе ви ги насолзи очите…