Дали сте спремни за првомајскиот излет!
Подготвивме мал потсетник за да бидете подготвени и имате релаксирачки и пријатен пролетен ден.
1-во мајските празници семејствата традиционално ги минуваат во природа. Пролет е, сè е зелено, не може да биде позелено, песна од птиците одекнува во шумата, а мирисот на цветањето не зашеметува. Сепак, природата исто така носи и свои ризици. Затоа, на семејното патување секогаш треба да бидеме опремени за да се заштитиме себе си и нашите деца од непријатности.
На што да внимавате
Заштита од сонце
Кога ќе стигнете до дестинацијата, најверојатно ќе ја изберете првата сенка како место за паркирање на вашите душеци, но не заборавајте дека сончевите зраци дури и таму рефлексно доаѓаат, а дека децата сигурно нема да сакаат да го поминат денот криејќи се под дрвјата. Ќе излезат да играат, а Вие дури и нема да забележите дека го поминуваат денот на сонце, додека не се појави осип и црвенило во вечерните часови. Затоа, веднаш заштитете ги со соодветна крема. Ви предлагаме Еуцерин за нега на нежната детска кожа.
Пијте течности
Деновиве се топли, телото губи течности. Пијте многу вода, за да не дехидрирате.
Лесна храна
Прва асоцијација за 1 мај, е пикник и скара. Многу месо и алхохол. Изберете повеќе зеленчук, и овошје.
И секако уживајте!