Како влијае стресот врз твојата кожа!

Можеби си една од оние личности чија кожа никогаш не се нафрла или можеби имаш акни уште од тинејџерските години. Без разлика на типот на кожата, кога се соочуваме со голем физички или емоционален стрес, нашата кожа исто така страда.

Дали мислиш дека твојата кожа не изгледа најдобро во последно време? Можеби си пробала сè од третмани за лице до пиење повеќе вода и јадење подобра храна, но ништо не ти помага! Можно е твоите проблеми со кожата да се предизвикани од стрес. Некои лица може да имаат сивкав тен и сува првутава кожа поради стрес, а други исип или влошување на постојните проблеми со кожата, како егзема, псоријаза или розацеа. Тоа не е сè, стресот може да биде виновен и за новите брчки што ги откри ова утро!

Зошто стресот предизвикува проблеми со кожата?

Постојат повеќе причини зошто состојбата на кожата се влошува во периодите на стрес, но еден од главните виновници е хормонот за стрес кортизол. Кога си под стрес, твоето тело мисли дека е нападнато и реагира така што произведува кортизол и воспалителни гласници.

Ако стресот е краткотраен, тогаш нема потреба од грижа, но долготрајниот стрес го зголемува бројот на лојните жлезди во кожата, а тоа значи дека кожата произведува повеќе маснотии. Ова може да резултира со затнати пори и исип, токму пред големата презентација што ти предизвикуваше толку многу стрес!

Мрсната кожа не е единствениот резултат на долготрајниот стрес, тој ги отежнува и процесот на обновување на кожата и производството на здрав колаген и еластин, поради што се појавуваат брчки и набори на кожата. Исто така, докажано е дека стресот пред испит или интервју ја намалува функцијата на заштитната бариера на кожата, поради што таа не може да се одбрани од штетните влијанија, како загаденост и груби хемикалии.

Што да преземеш

Постојат чекори што може да ги следиш за да ги намалиш и да ги поништиш ефектите на стресот врз твојата кожа. Прво, пробај да го најдеш изворот на твојот стрес, можеби имаш многу работа или нерешен проблем со некој пријател што може да предизвикува нервоза. Можеби не си ни свесна дека некој проблем ти предизвикува стрес!

Понекогаш стресот е неделив дел од животот, но можеш да почнеш нови активности што ќе ти помогнат да се справиш со стресот. На пример, почни да практикуваш јога или да медитираш за да го смириш дишењето и за кислородот поефикасно да пристигне до клетките. Исто така, докажано е дека медитацијата ефективно помага да се намали нивото на стрес.

Уште еден добар начин да го намалиш стресот е да одделиш малку време за себе. Можеби тоа ќе бидат само петнаесет минути, но искористи ги најдобро што можеш! Направи спа-третман, запали неколку свеќи, нанеси маска за лице и подготви си топла бања за повторно да изгледаш и да се чувствуваш одлично!

https://mk.oriflame.com/beautyedit/health-beauty/how-stress-affects-your-skin

 

Translate »