Бил Гејтс-смртоносна епидемија ќе ја погоди планетата наредните 10 години
Основачот на Мајкрософт и милијардер Бил Гејтс смета дека светот треба да се подготви за пандемијата која му претстои.
Гејтс верува дека смртоносна епидемија ќе ја погоди планетата наредните 10 години, а дека болеста ќе убие повече од 30 милиони луѓе, за најмногу 6 месеци.
Ова апокалиптично предупредување, Гејтс го изнел во петокот на научното собрание во Масачусетс, а за тоа зборувал и претходно со нешто помалку убеденост во своите тврдења.
Напоменувајќи дека обично е оптимист, Гејтс изјавил:
„Постои едно подрачје во кое светот на прави доволно за да постигне напредок, а тоа подготвеноста во случај да избие пандемија“, рекол тој, напоменувајќи дека следната епидемија може да потекне од екраните на компјутерите.