Водителката Миа Костова се пофали дека наскоро ќе ја видиме со маица без прслук, таа правеше операција на градите
Водителката Миа Костова, која јавноста најмногу ја врзува по естрадниот магазин „Бекстејџ“, вчера во клиничката болница „Аџибадем Систина“, направи операција за големување на градите, за која вели дека и била желба уште многу одамна, бидејки сакала потполно да биде задоволна од својот изглед.
Миа на социјалните мрежи се пофали за ова и порача дека наскоро ќе ја видиме во маица без прслук, што е сон за секоја жена.
„Стомачни ви ветив и исполнив. Еве ветувам и гради многу скоро во маица без прслук, сон на секоја жена“, напиша Миа на својот Фејсбук и Инстаграм профил.
„Ставив импланти во градите, класично зголемување. Одамна имав желба да го поправам она што остана од мојата бременост во која качив 30 килограми, доењето и „играњето со килажа“, ама некако не можев да најдам соодветен доктор, па ни болница. Се она што го гледав тука сработено, не ми правеше многу ќејф, надвор ми беше комплицирано па некако работите сами си дојдоа во вистинско време. Преку Бети -„Сикрет“ почнав да се интересирам за „Фабјан клиниката“ која всушност го донесе др. Амадеј во Скопје. Колку повеќе гледав негови дела, толку повеќе бев решена дека сега е вистинско време да не ми пречи ништо на сопственото тело, со оглед на тоа што внимавам на себе колку што можам. Но, ова не беше во моја можност, па затоа Д-рАмадеј ми ја оствари желбата“, изјави Миа за Женски магазин. „Фабјан“ е интернационална клиника присутна во 5 држави, со бројка од над 10 илјади пациенти на годишно ниво, и четврти во Европа по зголемување на гради со импланти.
Интервенцијата, поранешната водителка на магазинот „Бекстејџ“ не ја доживеала стресно, поради, како што вели прекрасниот тим на лекари со кои веќе има искуство од раѓањето на синот Андрија. Тој во јуни ќе наполни шест години.
Прочитајте какви естетски промени направи водителката Лила Филиповска:
Лила повторно кај пластичен хирург, ѕирнете што корегирала овој пат?
|