Мицковски тврди дека камионите на братот на премиерот возеле за РЕК Битола, од ЕЛЕМ демантираат
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека камионите на Вице Заев, братот на премиерот Заев возеле за РЕК Битола. Изрази сомнеж за постоење криминал во кој се вмешани компании на луѓе од врвот на власта. Побара од Јавното обвинителство да го испита целиот случај и да провери дали е точно дека компанијата ,,СВ Инвест,“, која е ангажирана во РЕК Битола, вози со камиони на компанијата ,,ДГИ Тотал Инженеринг Струмица“, чиј сопственик е Вице Заев.
АД ЕЛЕМ ги отфрла обвинувањата на Мицкоски.Фирмата СВ Инвест-Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола. Тврдењето на Христијан Мицкоски е целосно неточно, се вели во сооштението од ЕЛЕM