Жените во Шуто Оризари по 10 години добија гинеколог

Од денеска во амбулантата која се наоѓа во Поликлиниката ќе прегледува Вјолце Нбиара, којабила вработена  во американската болница во Албанија. Лекарката денеска ги прими првите пациентки, кои по 10 години добија матичен гинеколог. Таа објасни дека го учи македонскиот јазик, дека разбира, но за почеток комуникацијата со пациентите  ќе се одвива со помош на медицинската сестра.

Министерството за здравство во заминување, Арбен Травари рече  дека вработувањето на докторката Мбиара ќе биде трајно решение и со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем со недостатокот од матичен гинеколог во Шуто Оризари.

 

Translate »