Укината пресудата на поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов

Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата со која поранешниот кавадаречки градоначалник Александар Панов беше осуден за поткуп при избори и гласање.

Предметот е вратен на повторно разгледување во Основен суд Кавадарци, објави МИА, врз основа на потврдата од Лилјана Ситниковска, судија и портпарол на судот.

Со пресуда на Основен суд Кавадарци во август лани, Александар Панов беше осуден на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање. За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни тогаш судијата доктор Лазар Нанев.

Translate »