Ја предвидел денешната реалност? 25 години од филмот „Смртоносен вирус“

Пред 25 години светот на малите екрани можеше да ја гледа приказната за смртоносната пандемија…

Со оглед на актуелните случувања околу коронавирусот, годишнината на филмот „Смртоносен вирус“ („Outbreak“) веројатно не можеше да се случи во полошо време, пренесуваат од Си-ен-ен.

„Во овој апокалиптичен трилер, воениот виролог се обидува да спречи глобален биолошки слом поради смртоносниот вирус кој го инфицира еден калифорниски град“ – се опишува филмот на „Нетфликс“.

Тоа и не е баш тоа за што сакаме да размислуваме моментално, зарем не?

Филмот го режираше Волфганг Петерсен, а се базира на нефикциска книга на Ричард Престон која ја објавиле од „Warner Bross“.

„Од било кој реален агол на гледање, прикажаните случувања не би можеле да се случат толку многу брзо како што се случуваат тука, а периодот на инкубација на вирусот намален е за да се нагласи драматичноста“ – напишал критичарот Тод Мекарти за „Variety“ па додал:

„Гледачите можат да го почувствуваат тоа додека го гледаат, но филмските продуценти настаните ги направиле така брзо што прашањата, дупките, приказните и нелогичностите се губат во ретровизорот пред да стигнеме да размислиме за нив“. 

izvor: Tocka.com.mk

Translate »