Прегратки помеѓу лекарите и пациентите: Кина ја затвори последната болница за коронавирус (ФОТО+ВИДЕО)
Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот во кинеската провинција Хубеј, беа затворени во вторникот. Тоа значи затворање на сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во Вухан.
Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот околу 15:30 часот.
Откако беа испратени сите пациенти, медицинскиот персонал прослави пред болницата.
На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го одбележуваат моментот кога била затворена и последната привремена болница.
Медицинскиот персонал стоеше на скали и додека камерата ги снима еден по еден ги вадат заштитните маски.
На лицата имаат широки насмевки, а некои мавтат и на камерите. Ова видео го опколи светот и собра голем број позитивни коментари.
Кинеските власти претходно ги преуредиле јавните објекти како изложбените центри и спортските сали во 16 привремени болници. Тие служеле за да се изолираат и лекуваат пациентите заболени од коронавирус. Во таквите центри лекарска помош добиле околу 12.000 лица.
Izvor: Sloboden pecat