Вознемирувачки настан во Скопје: Домаќинот со палка ги претепал неговите гости, меѓу кои и бремена жена

На 26.05.2018 година во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Ј. (38) од Скопје пријавил дека на 25.05.2018 година околу 21.00 часота тој и неговата сопруга Т.Ј. (33) биле физички нападнати од нивен роднина Д.А. (31) од Скопје, се наведува во Билтенот на МВР.

 

 Домаќинот ги нападнал неговите гости со палка, при што им нанел тешки телесни повреди.

Од 14 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Translate »