Ураганот Ирма удри на Флорида,, Бегајте луѓе ова е пекол,,- предупреди американскиот новинар

Ураганот Ирма се засили до бура од четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се искачи на 25. Во американската сојузна држава сега стотици илјади луѓе се без струја, што е исто како ситуацијата на Карибите во Централна Америка, откако ураганот удри таму пред 4-5 денови.
Главното јадро на Ирма утрово по македонско време беше на 110 километри од најјужната точка на Флорида, а носеше со себе ветришта до 210 километри на час, се очекува за еден час да дојде на Флорида Киз, најјужната точка на полуостровот.

Претходно на францускиот остров Сен Бартас и на германско-француската територија на Сен Мартин загинаа 12 лица, шест на Британските Девствени Острови, најмалку четворица на Американските Девствени Острови, додека во Порторико се регистрирани две жртви, а една на Барбуда.

Американскиот Национален центар за урагани предвидува дека ураганот ирма дополнително ќе зајакнува и оти директно ќе удри во Сент Питерзбург, а не во заливот Тампа, како што претходно беше прогнозирано.

Ураганот Ирма се очекува утре да го погоди заливот Тампа.

Повеќе од 170.000 домови и компании во Флорида се без електрична енергија, од кои половината во подрачјето на округот Мајами Дејд, каде за околу 600.000 луѓе е наредена евакуација.

Седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на Флорида се повикани да се евакуираат.

 

Ураганот Ирма предизвика материјална штета на Куба, каде брзината на ветрот достигна од 210 километри часа. Се уште нема информации за евентуално повредени или загинати луѓе.

Ирма уништи хотели во најпознатите летувалишта на островот и предизвикаа евакуација долж брегот, па се до околината на главниот град Хавана. Повеќе од 5.000 туристи беа евакуирани од северните крајбрежни реони и острови, каде последните години беа изградени низа нови одморалишта.

Најпогоден е малиот крајбрежен град Кајбариен, на околу 320 киломатри источно од Хавана, каде се урнати голем број далноводи, а неколку квартови се под вода.

Translate »