СИТУАЦИЈАТА ВО СРБИЈА СЕ ВЛОШУВА, МОЖНО Е ДА СЕ ЗАТВОРАТ НОЌНИТЕ КЛУБОВИ
Епидемиологот Предраг Кон истакна дека состојбата со коронавирусот се влошува и дека се заканува на Белград и треба да се преземат мерки што е можно поскоро.
Како место на интензивно пренесување на инфекцијата, Кон ги спомна ноќните клубови и оцени дека размислува за стопирање на работата на ноќните клубови, како и за намалување на работата на баровите.
„Подобро е да се усвојат овие мерки што е можно поскоро отколку да се чека ситуацијата да се влоши“, посочи Кон.
Тој додаде дека нема индикации дека ќе има забрзано подобрување и дека ќе следат настани каде може да се очекува пренесување на инфекцијата – приемни испити на факултетите, матурски вечери, свадби, пишуваат медиумите.
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 254 нови случаи на коронавирус.