Топ фризури за дами на возраст околу 40тата година

Фризурата е важен дел од изгледот, а за да внесете промена и свежина, не мора да ја кратите или боите косата. Доволно е само да си правите различни фризури зависно од пригодата, наместо постојано да ја носите на ист начин. Косата е онаа којашто му дава целосен облик на вашето лице, па затоа пред да направите промена добро е да се консултирате со искусен фризер, советува Снежана Николовска од Студио Грејс.

Сепак секоја фризура не одговара на секоја возраст. Доколку веќе влеговте во 40-тите ви честитаме, бидејќи се наоѓате во најубавата доба од животот. Можеби на Вашата возраст не би прилегале плетенки, високо врзани репчиња и слични тинејџерски фризури, но затоа одлично би Ви прилегале брановидни локни. Доколку сакате да направите промена, а истовремено таа да прилега на вашата возраст, разгледајте ја нашата листа за најдобри фризури за дами кои веќе навлегле во 40-тите.

Брановидна лоб фризура

Со текот на годините се губи еластичноста на косата, затоа оваа лоб фризура би ви прилегала совршено. Сè што Ви е потребно за да ги добиете овие брановидни локни е фигаро или преса.

Степен со остри краеви

Ова е фризура за жени коишто немаат многу време за својата коса, а сепак сакаат да изгледаат стилски и модерно. Овој тип на фризура освен што ќе и даде волумен на вашата коса истовремено е и лесна за одржување.

Боб фризура со шишки

Ова е фризура којашто доловува софистициран изглед, а ја преферира и уредничката на списанието “Вог”. Нејзината предност е во шишките, коишто ги кријат брчките.

Кадрава пикси фризура

Ова е фризура за жени коишто не се плашат да експериментираат и не се плашат да изгледаат различно.

Долга и степенеста фризура

Вистина е дека косата станува поретка после 40-тата година, но со благ степен Вие можете истата да ја оживеете и да ѝ додадете волумен, со што ќе изгледате неколку години помладо.

Translate »