Катимерини: Нова демократија ќе поднесе предлог за гласање недоверба на владата на Ципрас

Конзервативната опозиција во Грција размислува да поднесе предлог за гласање на  недоверба на владата, поради договорот со името со Македонија, пишува Катимерини.

Официјален претставник на Нова демократија, за весникот изјавил дека партијата ќе поднесе барање да се гласа за недоверба на Владата ако се покаже дека таа го нема потребното парламентарно мнозинство за ратификација на Договорот. Предлогот да се гласа за недоверба на Владата ке биде доставен до Собранието, пред Договорот да биде потпишан од Ципрас и  Заев.

Поднесувањето на интерпeлaцијата ќе го одложи гласањето во грчкиот парламент за финансиката помош на Грција, за што требаше да се дебатира утре.

Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера кажа дека „Договорот е проблематичен“ и дека македонскиот јазик и македонскиот иднетитет се неприфатливи отстапки. Тој го повика шефот на државата  Павлопулос, да интервенира во Договорот пред да се потпише.

Translate »