Гурмани , повелете денеска во Градски парк!

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи хуманитарен гурмански хепенинг – Светски пикник, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.

На светскиот пикник присутните ќе имаат можност да вкусат карактеристични рецепти од над десетина различни земји од каде што потекнуваат странските инвеститори во Македонија, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Целта на настанот, како што се наведува, е да се промовираат позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија и претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни и другите културни обележја, како и нивната корпоративна општествена одговорност во Република Македонија.

 

Translate »