Мажи и Жени – кој е попаметен, кој е помудар, лукав, кој e посилен?
Цитати и изреки од познати личности на вечната тема: Мажи и Жени – кој е попаметен, кој е помудар, лукав, кој e посилен? Ќе дојдеме ли некогаш до конечен одговор?
„Постојат три работи кои мажите можат да ги прават за жените: да ги сакаат, да патат за нив или да ги претворат во книжевно дело“ – Стефан Стилс
„Гледаш многу паметни мажи со глупави жени, но ретко ќе видиш паметна жена со глупав маж“ – Ерика Jонг
„Толку многу пати сум бил на состаноци на слепо, што мислам дека е време да добијам бесплатно куче водач“ – Венди Либман
„Кога жените се нервозни, јадат или одат на шопинг. Кога мажите се нервозни започнуваат војна со некоја земја“ – Елејна Буслер
„Зад секој успешен маж, стои изненадена жена“ – Марион Пирсон
„Во политиката, ако сакаш нешто да кажеш – прашај маж, а ако сакаш нешто да биде направено – прашај жена“ – Маргарет Тачер
„Сè уште не сум слушнала некој маж да праша како успешно се комбинираат бракот и кариерата“ – Глорија Стејнхем
„Некои од нас стануваат мажот за кој сакале да се омажат“ – Глорија Стејнхем
„Јас сум одлична домаќинка. Секогаш кога ќе напуштам маж, ја задржувам неговата куќа“ – Габор
„Не ме навредува кога ќе слушнам виц за русокоси, бидејќи знам дека не сум глупава… и дека не сум русокоса“ – Доли Партон
„Жената е во состојба да го промени светот, но никогаш нема да биде способна да промени маж“ – Ејми Сновден
„Мажот е домашно животинче, кое ако се тренира со цврстина и љубезност, може да биде научен да прави многу работи“ – Џили Купер
„Никогаш не сум мразела некој маж толку многу, за да му ги вратам дијамантите“ – Габор