Камиони пропаѓаат во асфалтот на температура од 33 степени
Жителите на Њубари, Англија , останаа шокирани кога открија дека тркалата на камионот за ѓубре потонале во омекнатиот афалт, на температура од 33 степени.
Ваквото жешко време е невообичаено за Велика Британија, а високите темепратури се своевиден рекорд. Метеоролозите предвидуваат дека ваквото топло и сувво време ќе продолжи и за време на викендот.
Најмногу профитираат пабовите. Газдите предвидуваат дека утре, во сабота, ќе се продадат над 8 милиони кригли пиво, а профитот ќе се зголеми за дополнителни 24 милиони фунти , во однос на вообичениот промет.