10 мириси кои ќе ве ослободат од стресот
Ова се неколку мириси кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.
Лаванда – ова е првиот избор кога се соочуваме со стресот. Инстантно ги смирува умот и телото, ја намалува нервната напнатост и помага против главоболки и мигрени. Особено е корисна за луѓе кои патат од несоница и депресија.
Јасмин – овој опоен мирис ја ублажува нервната напнатост, а делува и како антидепресив благодарение на тоа што го подобрува расположението и ни дава убаво чувство на самодоверба и оптимизам.
Ванила – мирисот на ванила во јадењата дава зголемено чувство на среќа и опуштеност.
Бор – ги намалува тегобите и ослободува од стрес. Јапонските научници утврдиле дека прошетката во шума со бор помага за смирување на стресот и депресијата и помага да се опуштиме.
Лимон – ја поттикнува циркулацијата и имунолошкиот состав, ја јакне концентрацијата, овозможува смирување на умот, особено кога сме исцрпени или вознемирени, помага при анксиозност и депресија.
Цимет – делува стимулативно и ги јакнее меморијата и фокусот, помагајќи против менталниот замор.
Зачин од пиперка – овој мирис е силен и ја поттикнува енергијата и мотивацијата, подобрувајќи ја концетрацијата и јасното размислување.
Рузмарин – освен што делува против исцрпеноста, главоболките и менталниот замор, ја одржува будноста и долгорочното паметење.
Искосена трева – овој мирис дава чувство на среќа и спокој.
Tрадиционално есента е најповолен период за садење и пресадување! Можеби се прашувате како? Едноставно набавете растенија одгледани во саксија (контејнерски), добро вкоренети со добро развиен густ компактен корен. Практично кога ќе го повлечете растението од саксијата коренот да илезе како калап, компактен со видливи коренчиња околу бусенот. Тоа е знак за квалитетно одгледано – погодно растение за добар старт.
Повелете во градинарскиот центар Фоја каде што ќе најдете широк асортиман на контејнерски растенија, одгледани во саксија и подготвени за успешно садење. Повеќе од 500-тини различни видови (од цветен расад до дрвја).