Веќе неколку недели вниманието на светот беше свртено кон 12-те момчиња и нивниот тренер, кои беа заглавени во пештера во Тајланд.
Конечно, мисијата за спасивање заврши успешно и сите 12 фудбалери и тренерот се извадени живи од пештерата.
За цело време додека беа заробени, многумина го осудуваа тренерот и го обвинуваа што ги однел таму, додека пак многу од родителите велеа дека да не бил тој, децата немало да преживеат.
Многумина низ светот, како и неговите блиски се обидуваат да доловат колку добар човек е тој и колку е голема неговата улога за децата.
„Тој ги сака момчињата повеќе од сè. Тој не пие, не пуши. Добра личност е која се грижи за себе и ги учи децата на истото.“ – изјавил долгогодишен пријател на тренерот.
Екапол исто така се грижел за момчињата и секогаш ги носел до дома кога нивните родители не можеле да ги земат, бидејќи му биле како семејство, велат изворите.
Па, кој е всушност тренерот на овие деца и каква е неговата улога во преживувањето на децата?
– Неговото име е Екапол Чантавонг, има 25 години и е тренер на фудбалскиот тим Moo Pa.
– Екапол е сирак кој го изгубил семејството на 10 години заради болест која се проширила низ нивното село во Тајланд.
– На 12 години тој бил испратен во манастир и се велело дека бил тажен и осамен, а потоа учел за да стане монах.
– За кратко, го напуштил манастирот за да се грижи за неговата баба.
– Тогаш почнал да тренира млади фудбалери, од кои повеќето пораснале сиромашно и во лошо етничко опкружување.
– Додека биле во пештерата, иако бил најслаб од групата, тој им ги давал на момчињата своите ограничени количини на вода и храна.
– Тренерот ги научил момчињата како да медитираат и како да задржат што е можно повеќе енергија додека не ги најдат.
– Вирално се прошири и илустрација која ги прикажува тренерот и 12-те момчиња како медитираат.
– Ги научил и како да пијат вода од ѕидовите на пештерата.
– Во пораката која ја напиша и испрати до родителите и останатите ветува дека ќе се грижи најдобро за децата, се заблагодарува за поддршката и се извинува.
– Иако беше обвинуван, сепак многу родители и луѓе низ светот му се благодарни што успеал да ги охрабрува момчињата да го издржат тој период.
– Ситуацијата заврши со среќен крај, но никогаш не треба да заборавиме на спасувачот кој го изгуби животот во обид да ги спаси нив.
– Саман Кунан, за неговото семејство и за целиот свет ќе остане запомнет како херој.