Ѓоковиќ го победи Надал
Во маестрално и долго полуфинале, Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал со 3-2, што значи негов пласман во финалето на Вимблдон.
Ѓоковиќ и Надал одиграа второ најдолго полуфинале во историјата на Вимблдон. Мечот траеше пет часа и 21 минута, а беше исполнет со неверојатни мајстории на двајцата тенисери.
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, Надал изедначи со 6-3, третиот сет се играше во тајбрејк кој го доби Новак со 11-9. Надал го доби четвртиот сет со 6-3.
Победникот требаше да биде добиен во петтиот решавачки сет. А тој се играше час и половина. На крајот Ѓоковиќ го доби со 10-8 и славеше голема победа.
Во утрешното финале кое почнува од 15 часот, Ѓоковиќ ќе игра со Андерсон.