Ердоган едногласно реизбран за лидер на АКП

loading...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП), пренесуваат светските агенции.

Ова го покажаа резултатите од гласањето одржано денес на партискиот конгрес во Анкара.

Сите 1.380 делегати едногласно гласале за Ердоган.

Translate »