Проф. Зоран Поповски – И инсулинот кој е неопходен за дијабетичарите, е направен од ГМО

Сите важни за здравјето препарати кои што се со протеинска природа инсулинот или вакцините, се добиваат по пат на генетско инжењерство, односно со модификација на организмите, смета Проф. Зоран Поповски во интервју дадено за ТВ Канал.

 

Според него ГМО е организам што е трансформиран на начин што во него е додаден ген кој природно не е присутен во неговиот геном, овие процеси веќе имаат долга традиција – веќе преку 30 години, и денес сите важни за здравјето препарати кои што се со протеинска природа, како што се на пример инсулинот или вакцините, се добиваат по пат на генетско инжењерство, односно со модификација на организмите. Значи и инсулинот кој е неопходен за дијабетичарите, е направен од генетски модифицирана бактерија, од квасец. Во однос на исхраната, до денешен ден немаме ниту еден доказ дека генетски модифицираната храна влијае врз човековото здравје. ГМО е нужно зло, како што се пестицидите. Ако сакаме да прехраниме толкава популација на оваа планета, мораме да ги користиме овие современи технологии. Досега ќе се покажеше ако имаат некаков негативен ефект. Од 1990 до 2003 година, Европската Унија има донесено сет на мерки, три регулативи за употреба и производство на ГМО, и кога застапеноста е над 0,9% производот мора да е обележан. Ако е под оваа вредност, не мора. Таа регулатива е пренесена и во нашата легислатива, но во 2014 година со мораториум сите закони беа анулирани, така што моментално е забрането увоз, употреба и користење на ГМО. Сепак во мојата лабораторија сме откриле дека во сточната храна има големи количини на ГМО, но 85% од европскиот пазар на сточна храна е генетски модифициран.

Translate »