Се очекува пороен дожд во некои делови на Македонија
Kраткотраен пороен дожд и ретки грмежи се очекува попладнево да ги зафати источните и североисточните делови од државава. Синоптичарите најавуваат дека ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Од УХМР информираат дека до петoк ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните температури. Во петок ќе биде топло, а најпрвин во западните делови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но не со позначителен интензитет.

