Минал 45 години во затвор за убиство кое не го извршил: Сега ќе добие 1,5 милиони долари од државата! Еве што планира
Американецот кој минал 45 години во затвор пред да биде прогласен за невин за дело за кое бил обвинет, ќе добие 1,5 милиони долари оштета поради судска грешка, соопштиле денес властите во американската држава Мичиген.
73-годишниот
Ричард Филипс, бил осуден на доживотен затвор во 1972-ра година за
убиство за кое од почетокот тврдел дека е невин. Судот го осудил на
основа на сведочење кое се покажало како неточно.
Филипс во 2018-та година бил ослободен по интеренцијата на програмата на Универзитетот во Мичиген, кое се занимава со исправање на судски грешки. Службениците од тој програм навеле дека ниедно лице не минало толку долго во затвор во САД поради правосудна грешка.
Поранешниот осуденик живее од продажба на слики кои ги правел во заробеништво. Некое негови дела се продадени за неколку илјади долари.
Филипс, инаку црнец, наскоро нема да мора да продава слики за да има пари, бидејќи ќе добие обештетување.
“Ќе патувам и ќе уживам во животот”, рекол Филипс реагирајќи на одлуката за доделување на отштетата.