Ивановска: Треба да ги намалиме лажните пријави во Антикорупциска во служба на партиски препукувања со клевети

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на комисија, повика да не се доставуваат лажни пријави со цел дискредитирање на политички противници. Според првиот Антикорупционер, лесното прифаќање на лажните пријави ја ставаат комисијата во служба на партиски препукувања со клевети.

Првиот човек на ДКСК за следната седница повика подносителите да доставуваат пријави со вистинити податоци.

„Реагирав бидејќи не е коректно злонамерно да се доставуваат лажни пријави со цел да се парализира работата на Комисијата и да се наштети на угледот на оној против кој е поднесена пријавата, заборавајќи притоа дека најмногу си наштетуваат на својот углед“, вели Ивановска за БИРН.

Засега Ивановска вели дека не постојат инструменти за санкционирање на субјектите кои поднесуваат лажни пријави само зарари собирање политички поени во јавноста.

„Развиваме некои идеи што ќе го намалат ризикот од поднесување лажни пријави“, додава Ивановска.

Следната седница на ДКСК е закажана за денеска, за кога е предвидено покрај постапувањата по предмети за корупција и судир на интереси, ќе се носи и одлука за прогласување на доверливи податоци за службена тајна.

Translate »