Тошо Малерот од Австралија: Ми недостасуваат ВМРО и СДСМ

 Васко Тодоров од една голема географска дистанца, зборува за Македонија, неговата незаборавна дестинација за порталот ,,Точка..ви пренесуваме дел од интервјуто

Што ти недостасува од Македонија?

Васко Тодоров: Најмногу ми недостасуваат природните убавини, од кои што би ги издвоил, Охрид, кањонот на Радика, плоштадот во Скопје, Козјак, крстот во Аеродром, крстот на Водно, Пелистер, Галичица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од се што набројав дел се природни, дел се натприродни убавини!

Предреферендумски како социолог, што би им порачал на политичарите?

Васко Тодоров: Па, би им порачал по една пијачка, за јадење нема да имам пари, многу се накотија.

Твоето 50 годишно патување во Македонија било исполнето со многу интересни случки. На кои се присетуваш сега кога си далеку?

Васко Тодоров: Па да, сум имал разни случки, меѓутоа најинтересни ми се две во Скопје, кои што никогаш нема да ги заборавам, имам три во Охрид, една случка во Битола, таа исто беше топ и две во Штип! Сум имал и многу други меѓутоа овие случки некако би ги извоил како посебни!

Целото интервју можете да го прочитате на www.tocka.com.mk

Translate »