Иако не е на продажба, Трамп ја разгледува идејата за купување на Гренланд
Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудлоу, денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“, иако од овој остров, што е во составот на Кралството Данска, порачаа дека не се на продажба.
Кудлоу за „Фокс њуз сандеј“ кажа дека не сака да предвидува што може да се случи, но изјави дека Гренланд, што се наоѓа меѓу Атланскиот и Северниот Леден океан, „е стратешко место со многу вредни минерали“.
Откако „Вол стрит џорнал“ пред извесно време објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, шефицата на дипломатијата на Гренланд порача дека тој остров не е на продажба. Гренланд не е на продажба и идејата за купување на САД е апсурдна, изјави во неделата и данскиот премиер Мет Фредериксен , цитиран од Ројтерс.
„Не сакам да давам предвидувања – само велам дека претседателот Трамп, кој разбира зделки со недвижнини, размислува да го купи Гренланд“, рече Кудлоу за Фокс њуз. Тој исто така додаде дека претседателот Хари Труман некогаш сакал да го купи Гренланд . Кудлоу е исто така убеден: “Данска исто така го има Гренланд, Данска е сојузник, а Гренланд е стратешко место. И тие имаат многу вредни минерали”.
„Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дел од Данска. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Многу се надевам дека е шега“, им рече Мете Фредериксен пред новинарите за време на посетата на Гренланд.
Предвидено е Трамп да го посети Копенхаген на почетокот на септември , а потоа се очекува да се разговара на Арктикот за време на средбите со Фредериксен и премиерот на Гренланд Ким Килсен .