Двајца македонски државјани загинале во сообраќајната несреќа во Србија

Македонското Министерство за надворешни работи попладнево информираше дека добило телефонска потврда од полицијата во Јагодина, Србија, дека во денешната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, меѓу загинатите има и двајца македонски државјани.

Во верижниот судар на потегот меѓу Ќуприја и Јагодина загинаа седум лица, од кои петмина српски државјани и двајца македонски државјани.

Во сообраќајната несреќа, според информациите на српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

Translate »