Кој се треба да се регистрира во УЈП?

Ќе издржи ли системот на УЈП до крајот на годината да ги регистрира сите граѓани кои треба да им испратат меил на даночниците за да добијат пополнета Годишна даночна пријава следната година. До сега се регистрирани 160.000 лица, а во следните месец и половина тоа треба да го направат уште најмалку 600.000.

Иако УЈП се уште официјално не соопшти, најверојатно само пензионерите кои немаат други приходи освен пензија, ќе бидат изземени од регистрацијата.

„Во делот на преоптовареноста на системот и покрај тоа што станува збор за надградба на совтверско и хардверско решение, ги немаџираме проблемите секојдневно. Постгои мал капацитет во ИТ секторот и таму ќе успееме да се доекипираме.“ – изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Управата побарала помош и од општините да обезбедат простор и техничка опременост за да може граѓаните и таму да се регистрараат. Дел од граѓаните го чекаат последниот момент, дел пак се пријавиле, иако најверојатно ќе немаат таква обврска.

Сите граѓани што остваруваат било каков приход, па дури и само од плата, ќе мора да отворат меил и лично на шалтерите на УЈП да ги однесат претходно отпечатените барања за регистрација во системот што ги добиле по електронски пат.

 

Translate »