ФОТО: Заврши модниот викенд, оваа година со фокус на екологијата и здравиот живот
Заврши осумнаесеттото издание на „Моден викенд Скопје“ кој оваа година стави акцент на проектот „Модата како дел од екосистемот“.
Одржлива приказна, на создавањето одржлив моден дизајн од текстилен отпад и на наоѓањето најсоодветен начин за повторна употреба на текстилот, потврдувајќи дека модата има моќ да направи позитивни промени во опкружувањето.
Целта на одржливата мода е да им се зголеми вредноста на локалното производство и на производите, да се продолжи животниот циклус на материјалите, да се зголеми вредноста на безвремени облеки, да се намалат количеството отпад и штетата врз животната средина. Eден од официјалните партнери oваа година беше и брендот за здрава храна Natura на Макпрогрес Виница.
FWSK останува неприкосновена платформа за лансирање на нови дизајнерски имиња на нашата, сѐ уште, кревка модна сцена. Радоста да се видат нови дизајнерски изрази што носат силна порака и докажуваат дека модата е многу повеќе од естетски – туку е и општествен и критички – момент и моментум, доживува кулминација токму во ревиските денови за кои живее мод(ер)но Скопје.
Идните и етаблираните дизајнерски имиња покажаа дека веќе имаат бренд што им се обраќа на нивните целни групи и беше особено задоволство да се види како модата живее и надвор од пистата, во публиката, на улиците, на социјалните мрежи, преку индивидуи со изграден стил кои гордо го носат македонскиот дизајн.