Даночната реформа ќе ги зголеми цените на кириите

Најавената даночна реформа ќе донесе промени и кај даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп.

Според новите предлози на Министерството за финансии кај законот за личен доход се бележи раст на даночната стапка. Тоа значи дека  лицата ги имаат доходите од  издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот.

Тоа значи дека даночна стапка од 15 отсто за изнајмување на простор ќе важи независно од тоа колкав вкупен приход е остварен па на пример 12.000 денари можеби некому се и единствен месечен приход, но тој нема да плати 10 отсто данок, како кога би ги заработил од плата, туку ќе плати 15 отсто данок.

Но тоа не е се  бидејќи со новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци а тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.
Translate »