Апокалиптични сцени во Калифорнија: локалното население е евакуирано и издаден е црвен аларм
Поради шумски пожар кој брзо се шири на северот во Калифорнија, наредена е евакуација на повеќе од 10.000 лица. Загрозени се неколку села, а загриженото население трчало барајќи помош кај соседите кои морале да поминат низ пламени за да го избегнат пожарот.
Сè уште не е познато дали има повредени или настрадани.
Полицијата во округот Бјут Каунти вели дека евакуцијата важи за цел град Парадајс кој има 27.000 жители и се наоѓа на речиси 300 километри североисточно од Сан Франциско.
Локалниот шериф рекол дека властите се обидуваат да спасат што повеќе загрозени градови. Евакуирани се и пациентите од локалната болница и се префрлени во соседните места.
Затворен е и најблискиот автопат, а националната метеоролошка служба издаде црвен аларм за опасност од пожари во многу делови на Калифорнија.