Ефектот на една испиена чаша црно вино е како да вежбате пола  саат во теретана

Ако уживате во една испиена чаша на црвено вино повеќе одошто да одите во теретана, тогаш следниов напис секако дека ќе ве израдува.

На универзитетот Алберта во Канада неодамна беше спроведено научно истражување кое покажало дека учинокот на една испиена чаша на црно вино е исто како да вежбате пола  саат во теретана. Според зборовите на водечкиот научник на ова истражување Jason Dike, ова откритие ќе ги израдува сите оние кои се љубители на добро црвено или црно вино, а помалку сакаат да вежбаат.

Ресвератролот кој го содржи црното вино ја подобрува физичката способност како и функцијата на срцето, мускулите.

Здравствените погодности на црвеното вино се добро познати и документирани. Медицинските студии покажале дека сите што конзумираат по една чаша вино дневно имаат помали шанси да заболат од деменција и рак, а истотака е добро и за регулирање на шеќерот во крвта.

Добра вест за сите оние кои не пијат воопшто алкохол е фактот дека тие можат ресвератролот да го внесат преку црното грозје, црното чоколадо, боровинките и путерот од кикирики.

Напомена; Нема ништо подобро од добро избалансирана исхрана и внесување на една чашка квалитетно црвено вино секој ден. А кога сме кај вината секако наш предлог е Император од Бовин-нигогаш нема да згрешите.

На здравје!!

Translate »